Што да очекуваме од Peugeot на саемот во Париз? – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Што да очекуваме од Peugeot на саемот во Париз?

Покрај новиот дизајн на изложбениот простор, францускиот бренд на саемот во Париз ќе ни прикаже и неколку нови и освежени модели.

Спектакуларен, веднаш препознатлив и внесувачки, овој архитектонски концепт е замислен да стане препознатлив потпис на PEUGEOT за неговите најзначајни автомобилски настани, без разлика дали се меѓународни, национални или локални. Овој нов потпис ја истакнува амбициозната цел: да се создаде искуство со брендот кое буди емоции и љубопитност и го приближува секој посетител до производите, иновациите и визијата на PEUGEOT. Од Peugeot додаваат дека концептот е модуларен и е создаден за да се приспособува на различни формати на настани.

Во централниот дел на просторот, ќе има две посебно уредени зони наменети за најновите модели и ќе ги истакнуваат возилата поставени на подиум, дополнети со впечатливи визуелни елементи. Таму ќе биде Peugeot Polygon концептот со кој францускиот бренд го најавува следниот 208, а свое засебно место ќе има и електричниот, спортски Peugeot e-208 GTi! Токму e-209 GTi ќе има задача да го поврзе спортското наследство на брендот со современата визија за спортски перформанси.

Понатаму, Peugeot ќе го истакне и своето учество на FIA WEC со импресивниот 9X8. Од Peugeot гордо кажуваат дека овој Hypercar е олицетворение на високите стандарди, иновациите и експертизата на Peugeot Sport на еден од најпрестижните автомобилски натпревари на светот.

И конечно, Peugeot ќе ги поврзе различните светови со флуидна рута дефинирана од светлосна линија, која ќе ги води посетителите низ целата гама на Peugeot – од 208 и 2008, преку 308, 308 SW и 408, па сè до 3008 и 5008. Овој нов концепт истакнува три Peugeot вредности – Driving Sensations, односно чувството во возењето, French Charisma, односно францускиот шарм кој се отсликува преку смела архитектура, моќна визија и презентација, и конечно Designed To Last, односно дизајнирано за да трае и желбата на Peugeot да прикаже квалитетен, модуларен концепт наменет за имплементација и реализација на различните саеми на автомобили ширум светот.

Поврзано:  ТЕСТ: Peugeot 3008 1.6 180 GT - Конвенционален бензинец, неконвенционален SUV

Peugeot ги кани сите да ги посетат на саемот на автомобили во Париз.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.