После електричната лимузина 6e (која веќе имавме шанса да ја возиме) и кросоверот CX-6e, компанијата наговести дека е можна поширока стратегија за глобален извоз на електрични автомобили произведени во Кина.
Соработката на Mazda со Changan драстично ги намали трошоците и времето потребно за развој на нови модели. Според проценките од компанијата, користењето на постоечките електрични платформи и технологија на Changan ги намалува бараните инвестиции за дури 85 проценти, додека подготовката за производство се забрзува за околу 80 проценти во споредба со развој на целосно сопствен модел од нула.
Иако овие модели се базираат на кинеска архитектура, инженерите и дизајнерите на Mazda активнo учествуваат во обликувањето на надворешниот и внатрешниот дизајн, како и во финото подесување на суспензијата и управувачкиот систем за возилата да ги задржат карактеристичните динамични возни својства на јапонскиот бренд.
Паралелно со оваа соработка, Mazda продолжува со развојот на сопствената наменска архитектура за електрични возила (BEV), чиј прв модел се очекува околу 2029 година.






