Новиот концепт на Renault е ретро-инспирираниот 8 Gordini – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Новиот концепт на Renault е ретро-инспирираниот 8 Gordini

Mодерната и целосно електрична интерпретација на легендарниот спортски седан ќе биде прикажана на претстојниот саем во Париз.

За разлика од оригиналниот модел со четири врати, новиот концепт со две врати има поагресивен став и карбонска каросерија.

Надворешноста е обоена во карактеристичната сина боја нанесена во три слоја, а низ каросеријата и внатрешноста се протегаат двете препознатливи бели ленти.

Дизајнот е целосно дело на внатрешниот тим на Renault, настанат по организиран натпревар во кој дизајнерите поднесоа повеќе од 300 скици.

Погонскиот систем користи еден електричен мотор поставен на задната оска кој испорачува моќност од 270 коњски сили, но францускиот производител не објави конкретни податоци за капацитетот на батеријата или за забрзувањето.

Внатрешноста е со минималистички дизајн, со спортски седишта, алуминиумска контролна табла и кружни дигитални инструменти кои ги емулираат старите аналогните мерачи.

Од Renault потврдија дека автомобилот нема да оди во сериско производство и дека по завршувањето на изложбите ќе биде изложен во новиот музеј за историски возила во Франција.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!