Lamborghini го тестира новиот Revuelto SV, пред нејзиното официјално претставување пред јавноста.
При таквото тестирање на тркачката патека Хокенхајмринг во Германија, фабричкиот тест возач Марко Мапели постави нов кружен рекорд од 1 минута и 41.6 секунди.
Деталите околу перформансите сеуште не се објавени, но она што може да се забележи на маскираниот примерок на видеото, се аеро-надградбите, кои вклучуваат и голем фиксен заден спојлер. Но сепак, веруваме дека Revuelto SV содржи многу повеќе подобрувања, со кои го постигнал овој рекорд.
Повеќе податоци за оваа изведба ќе бидат објавени на официјалното дебитирање на 14ти Август во текот на Monterey Car Week.




