За секој вистински автомобилски ентузијаст најголемо уживање нуди возењето на спортски автомобил со мелодичен звук на прекраска планинска делница со умерени свиоци.
Такво е и ова видео, кое ве седнува директно позади воланот на Jaguar F-Type. Тој со неговиот 3.0-литарски V6 мотор, благодарение на компресор испорачува 380 КС кон задните тркала. Со забрзување до 100 km/h за околу 5 секунди и симфонијата која што доаѓа директно од издувниот систем, F-Type не потсетува зошто возењето за автомобилските вљубеници е далеку повеќе од само транспорт.
Локацијата која ги исполнува сите критериуми за да се вброи во еден од најубавите планински премини во светот – Passo Sella, се наоѓа во срцето на Доломитите и ги поврзува земјите Италија и Швајцарија. Истата претставува одлично доживување со извонредни пејсажи и квалитетен мазен асфалт.
Затоа, засилете го тонот и уживајте во видеото!





