Македонија викендов ќе биде дел од глобалниот WE RIDE AS ONE на Ducati – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонија викендов ќе биде дел од глобалниот WE RIDE AS ONE на Ducati

Некои моменти се случуваат само еднаш, но затоа некои приказни се раскажуваат вечно. На 9-ти Мај, илјадници Ducatisti ширум светот истовремено ќе ги стартуваат моторите и ќе бидат дел од стогодишнината на Ducati.

Во сабота, на 9-ти Мај, илјадници Ducatisti во повеќе од 65 земји ќе се обединат и ќе ги стартуваат моторите во исто време. Нив ги обединува страст која не познава граници, временски зони или растојанија – една заедница ќе се движи како една целина. И всушност, ова е духот на We Ride As One – глобална парада на вљубеници во Ducati кои ќе прославувуваат еден век Ducati страст.

Од Ducati најавуваат дека е ова е настан кој не треба и не смее да се пропушти. Ќе го сочинуваат средби, возења и забава, дизајнирани заеднички да се искуси страстта на Ducati.

И оваа сабота и Македонија ќе ја има таа чест да биде дел од We Ride as One, но и особено е важно што ќе учествуваме токму во јубилејната прослава на 100-годишнината на Ducati.

Кога? Оваа сабота, 9-ти Мај во 09:00 часот.

Каде? Салонот на Ducati во рамките на Мак Аутостар во Скопје.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.