Пристигна новиот Jeep Compass! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Пристигна новиот Jeep Compass!

Во салонот на Jeep во Скопје пристигна целосно-новиот Compass – еден од глобалните бест-селери на американскиот бренд.

Новиот Compass е поставен на STLA Medium платформата и нуди ефикасни електрифицирани погони – од лајт хибриден, преку плаг-ин хибриден па сè до моќен целосно-електричен погон. Како што и беше најавено, Jeep Compass пристигна со хибриден погон со 145 коњски сили, 195-коњски плаг-ин хибрид, но и во целосно-електрична опција.

Верзиите со погон на предните тркала имаат растојание до подлогата до 200 милиметри, агол на пристапување од 20°, агол на прекршување од 15° и агол на заминување од 26°.

Верзиите со погон на сите тркала имаат агол на пристапување од 27°, агол на прекршување од 16° и агол на замиување од 31° – а ова се должи на наменскиот дизајн на овие изведби.

Дизајнерски, новиот Compass добива поостар, посамоуверен изглед. Веднаш се препознаваат дизајнерски елементи инспирирани од Avenger, но и од огромниот Wagoneer S. Деталите се навистина интересни – од острите браници и линии, сè до тенките предни светла. На прв поглед, ставот е наметлив и препознатлив за Jeep.

Кабината добива 10-инчен панел за инструменти пред возачот, како и 16-инчен инфозабавен систем. Она кое нè радува е одлуката на Jeep да задржи физички контроли за некои од функционалностите. Особено интересен ни е црвениот селектор за Selec-Terrain системот! Новата платформа овозможува и повеќе простор во кабината, а насекаде има препознатливи Jeep детали.

На нашиот пазар, понудата започнува со хибридниот Compass со 145 коњски сили во Altitude изведба, кој чини од 37.400 Евра. Плаг-ин хибридната изведба со 225 коњски сили чини од 43.900 Евра, додека целосно-електричниот Compass чини од 48.400 Евра.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.