Викендов стартува новата сезона на Шампионатот во Рели со Историски Возила – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Викендов стартува новата сезона на Шампионатот во Рели со Историски Возила

Викендов, на 18-ти и 19-ти Април ќе се одржи VM Classic Rally, а учесниците ќе посетат неколку градови во Македонија.

Програмата ќе започне во Скопје во сабота наутро, каде на Сквер Јадран ќе се соберат учесниците и по техничкиот брифинг и верификацијата на возилата ќе тргнат ко дефинираните локации. Официјалниот старт е закажан за 10:00.

Од Сквер Јадран, ќе тргнат кон Велес и Прилеп каде ќесе одржи и дефиле, за во 16:00 да продолжат кон Крушево каде со изложба ќе заврши првиот ден од возењето. Во недела ќе се вози од Крушево до Градско, за каде е закажана изложба. Релито завршува во недела попладне, повторно во Скопје.

Од клубот нагласуваат дека учесниците ќе настапуваат во согласност со сите сообраќајни правила и законот за безбедност на сообраќајот на патиштата. Овој настан е дел од програмата на Националната Федерација за Историски возила.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.