Седанот на Hyundai е еден од нашите омилени електрични автомобили – и сега се нуди по навистина интересна цена.
Со оглед на (наизглед) незапирливиот раст на цените на горивата, се забележува зголемен интерес за плаг-ин хибридни и електрични возила. Па токму затоа, директно ја пренесуваме новата акциска цена за целосно-електричниот Hyundai Ioniq 6. Да, Ioniq 6 е еден од нашите омилени електрични автомобили – го возевме и на светската презентација во Мадрид, а потоа и на наш домашен терен.
Од Hyundai Македонија и Гранд Ауто пристигна информација дека во тек е специјална понуда за Ioniq 6. Опремен со голема батерија со капацитет од 77.4 kWh, Ioniq 6 може да се добие во две конфигурации:
- IONIQ 6 Ultimate AWD (4×4) со 20” алуминиумски фелни, домет до 519 км и трошок од околу 70 денари на 100 км со цена од 46.900€
- IONIQ 6 Ultimate RWD (заден погон) со 18” алуминиумски фелни, домет до 614 км и трошок од околу 59 денари на 100 км со цена од 42.900€
За да дознаете повеќе за Ioniq 6 прочитајте го нашиот тест, а за повеќе информации околу специјалната понуда, погледнете ја официјалната страница.





