Во салонот на Toyota пристигна целосно-електричниот C-HR+ – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Во салонот на Toyota пристигна целосно-електричниот C-HR+

Целосно-електричниот C-HR+ се нуди во неколку различни конфигурации, а врвната верзија доаѓа со два електромотори вкупно 350 коњски сили!

C-HR+ може да се комбинира со две различни батерии и со погон на предните или на сите четири тркала. Основната варијанта користи батерија со капацитет од 57.7 kWh и добива електромотор кој ги задвижува само предните тркала и испорачува 157 коњски сили. Оваа конфигурација може да помине околу 450 километри со полни батерии.

Понатаму, можете да ја нарачате поголемата батерија со капацитет од 77 kWh. Оваа се комбинира со електромотор кој испорачува 224 коњски сили и може да помине меѓу 560 и 607 километри. На самиот врв е верзијата со два електромотори и големата батерија, која има на располагање вкупно 343 коњски сили. Оваа верзија поминува 500 километри со полни батерии. Сето ова е според WLTP мерењата, секако, па во вистинскиот свет би очекувале да може да се помине нешто помалку.

Целосно-електричниот C-HR+ ги следи дизајнерските насоки на хибридниот C-HR (и моменталните дизајнерски насоки на Toyota), но сепак – ова е целосно друг автомобил. Toyota нуди и четири нивоа на опрема – Vibe, Pulse, Style и Style Premium. Основната верзија може да се добие само во Vibe ниво на опрема и чини од 39.999 Евра, додека врвниот C-HR+ со 343 коњски сили може да се добие само во Style или Style Premium изведба и чини 49.199, односно 50.499 Евра.

Се надеваме дека C-HR+ наскоро „ќе ни улета“ на тест, па ќе можеме и самите подобро да го запознаеме – но на прв контакт делува навистина интересно.

Поврзано:  GR GT и Toyota Land Cruiser ќе на „насловната“ на Forza Horizon 6!


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.