Manhart по втор пат го тјунираше новиот BMW M5 – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Manhart по втор пат го тјунираше новиот BMW M5

Ако мислевте дека 800 коњски сили се малку во вашиот BMW M5, германскиот тјунер сега ќе ги претвори во 910.

Пред 18 месеци, Manhart Performance ја зголемја моќноста на M5 до 800 коњски сили, а сега со MH5 900E додаваат дополнителни 110. За да се стигне до овие бројки, вградени се нови турбини, нов издув и нов софтвер.

Компанијата нуди неколку опции за суспензијата меѓу кои се H&R пружини со кои возилото се спушта за 30 мм и KW подвозје со индивидуално прилагодување на висината и тврдоста.

Визуелно, MH5 900E е суптилен и не претерува со стилските промени и изгледа речиси идентично со претходниот MH5 800E од 2024 година.

Ентериерот е стандардниот од М5, со можност за вградување на дополнителен карбонски делови.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!