Аутомакедонија го лансира електричниот скутер NOOS во Македонија! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Аутомакедонија го лансира електричниот скутер NOOS во Македонија!

ECOSHIFT®, иновативната бизнис единица на Петрос Петропулос Група, влегува на пазарот во Македонија преку стратешко партнерство со Аутомакедонија АД Скопје.

Со новата соработка,  Аутомакедонија АД Скопје станува официјален увозник и дистрибутер на NOOS – премиум електричен скутер дизајниран и произведен од ECOSHIFT® во најсовремени производствени капацитети. Со NOOS, Аутомакедонија сака да постави нови станарди за урбана мобилност во нашата земја.

NOOS е 100% електричен скутер произведен во Европа, кој се издвојува во категоријата L3e-A1 преку комбинација на чист, минималистички дизајн, напреден инженеринг, но и врвна практичност за секојдневна употреба. Инспириран од DNK-то на мотоспортот, тој нуди премиум искуство при возење, прилагодено на современиот урбан начин на живот.

Опремен со специјално развиен Bosch мотор со моќност до 5 kW и две заменливи батерии, NOOS овозможува автономија до 131 km, директно одговарајќи на потребите на секојдневното градско движење, при тоа задржувајќи високи перформанси и ефикасност.

NOOS веќе е достапен во салоните на Аутомакедонија АД Скопје, а во вториот квартал од 2026 година е планирано отворање на специјализиран EV Experience салон на атрактивна локација во центарот на Скопје. Секако, продажбата е поддржана со целосна инфраструктура за постпродажни услуги, што обезбедува беспрекорно корисничко искуство уште од првиот ден.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.