Знаменосецот на Mercedes-Benz секогаш бил предвесник на трендовите и технологиите кои доаѓаат.
„Ес-Класата“ секогаш ќе биде на самиот врв на понудата на Mercedes-Benz и секогаш ќе биде лесно препознатлива. Со освежувањето, доби редизајнирани предни светла и поголема предна решетка, заострен бреден браник и внимателни трокраки ѕвезди на вертикалните столбови на решетката. Задниот дел добива редизајнирани светла налик на оние кај новата Е-класа со вградени трокраки ѕвезди како графички потпис. Профилот е беспрекорно чист, со рамен кров и суптилни детали.
Кај S-Class дебитира и интересен новитет – добро-познатиот „нишан“ на германскиот бренд сега е осветлен!
Кабината добива редизајниран (и малку помирен) Hyperscreen со издвоени инструменти и голем инфозабавен систем кој го сочинуваат неколку екрани. Mercedes-Benz го нарекува Superscreen и всушност го сочинуваат 12.3-инчен панел со инструменти, 14.3-инчен средно-поставен инфозабавен систем и 12.3-инчен екран наменет за сопатникот. Системот го движи најновата генерација на MBUX интерефејсот на Mercedes-Benz и сега доаѓа со AI компонента и целосна интеграција на Google Maps.
Технологијата продолжува и кон задните седишпта – два 13.1-инчни екрани се поставени на задната страна на предните седишта, а патниците добиваат и MBUX далечински. Но секако, кај S-Class фокусот е на луксузот и комфорот, кој веднаш се препознава на задните седишта – кои се всушност седиштата на кои навистина треба да седите.
И подготвени сте да го нарачате вашиот нов S-Class? Можете да одберете меѓу неколку различни погони. Фановите на дизелот ќе се радуваат на моќните штедливи мотори со 309 или 362 коњски сили, додека оние кои сакаат нешто помоќно можат да изберат меѓу S450 и S500 кои добиваат мотор со шест цилиндри и 376, односно 443 коњски сили. Сакате уште повеќе? Тука е новиот S580 4Matic со твин-турбо V8 кој испорачува 537 коњски сили и одлични 750 Nm вртежен момент.
Достапни се и две плаг-ин хибридни верзии. Двете користат батерија со капацитет од 22 kWh, која пак овозможува 103, односно 118 километри автономија на струја. Помоќниот S580e има вкупно 577 коњски сили, додека S450e има на располагање вкупно 429 коњски сили.





















