ПРЕМИЕРА: Освежената Opel Astra добива нов лик! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Освежената Opel Astra добива нов лик!

Opel ги објави првите целосни фотографии од освежената Astra, која го добива новиот Vizor, но и грст нови технологии.

Opel ја претстави новата Astra и најголемата и најочигледната измена е новиот преден дел. Astra влече директна инспирација од големиот Grandland, но и од лудиот концепт во форма на Corsa GSE Vision Gran Turismo и го целосно го имплементира Opel-овиот Vizor. Vizor е всушност едноделен панел во кој се наоѓаат предните светла, но и новиот Opel Blitz знак кој сега е целосно-осветлен.

Astra добива и две нови бои – Kontur White и Kontur Green, а ќе можат да се комбинираат и со црн кров. Astra добива и нови дизајни за 17 и 18-инчните тркала. Секако, сите измени важат и за Sports Tourer караванот.

Она што е особено важно е дека Astra ја добива Intelli-LUX HD технологијата за предните светла. Оваа технологија која веќе дебитираше кај големиот Grandland овозможува идеално осветлување. Во самите светла има повеќе од 50.000 индивидуални светлосни елементи кои во реално време се прилагодуваат кон условите на патот и возилата кои се движат во спроритвната насока. Системот го следи и управувачот, а се адаптира и на лоши временски услови.

Кабината добива внимателни измени, со цел да биде поинтуитивна и полесна за користење, а за прв пат Astra стандардно ќе доаѓа со Intelli-Seats седишта, кои нудат повеќе комфор и попријатно седење и при подолги патувања. Секако, тука се и AGR-сертифицираните седишта со електрично нагодување, напредна лумбарна поддршка и масажа. Овие седишта се обвиени во ReNewKnit – оддржлив материјал кој е добиен од 100-проценти рециклирани материјали – и секако, може и понатаму да се рециклира.

Поврзано:  ВОЗЕВМЕ: На F1 патека со новата Opel Mokka GSE. Каква Mokka? Па, Mokka без шеќер!

Сега за сега нема конкретни информации околу погонските опции, но од Opel нагласуваат дека Astra Electric ќе добие зголемена автономија (до 454 километри), но со одреден степен на сигурност можеме да кажеме дека германскиот хечбек ќе ги задржи постоечките бензински и хибридни мотори, а понатаму ќе се нуди и 1.5-литарскиот турбодизел.

Официјалната премиера на освежената Astra е закажана за саемот на автомобили во Брисел, кој е закажан за од 9-ти до 18-ти Јануари.

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.