GR GT користи сосема нов 4-литарски твин турбо V8 бензински мотор кој е потпомогнат од благ хибриден систем со еден електромотор.
Погонската група има вкупна моќност од 650 коњски сили и 850 Nm вртежен момент и истата ги придвижува задните тркала преку нов осум-брзински автоматски менувач.
Максималната брзина се проценува дека ќе надмине 320 км/ч, а забрзувањето од 0 до 100км/ч се очекува да се биде под 4 секунди.
Автомобилот е долг 4820 мм, широк 2000 мм и висок 1195 мм, правејќи го значително поголем и понизок од досегашните модели на Toyota. Меѓуоскиното растојание изнесува 2725 мм, дистрибуцијата на тежината е 45% напред и 55% назад, додека вкупната тежина изнесува 1750 кг.
Покрај стандардниот, Toyota го покажа и тркачкиот GR GT3 кој е специфициран според FIA GT3 правилата. Тој е за нијанса пократок (4.785 мм), поширок (2.050 мм) и понизок (1.090 мм) со добива подобри аеродинамички перформанси. Со заедничкото претставување, Toyota сака јасно и гласно да истакне дека двата автомобили се развивани заедно, и дека всушност GR GT е блиску до тркачки автомобил наменет за улиците.
Во внатрешноста, GR GT нуди Recaro спортски седишта, двоен дигитален дисплеј и физички контроли за основните функции.
Од Toyota потврдија дека GR GT и GR GT3 се сè уште во развојна фаза, а официјално излегување би можеле да очекуваме во текот на 2027 година.


















