Аматерската Картинг Лига на Србија годинава имаше 6 трки во три држави – и со апсолутна доминација, титулата ја одбрани Масимо Тасевски од Скопје!
Финалето од Аматерската Картинг Лига на Србија (АКЛС) се одржа на 10-ти Октомври и со огромна гордост можеме да кажеме дека македонецот Масимо Тасевски не само што повторно е шампион, туку успеа и да ја одбрани ланската титула и да биде шампион две години по ред. Оваа година тој апсолутно доминираше со четири победи од вкупно шест трки.
Трките се одржаа во Србија, Унгарија и Хрватска, а Масимо победи на трката на патеките во Палоц и Кечкемет во Унгарија, Пореч во Хрватска и Аутокомерц во Белград, Србија.
Со вкупно 157 освоени поени, Масимо ја понесе шампионската титула. Зад него на второто место со 129 поени е Радослав Жиковиќ, а на третото место е Михајло Вучиниќ со 117 поени. Му честитаме на Масимо и неизмерно се гордееме!











