ЕУ најави иницијатива за поттикнување на развојот на мали и достапни електрични автомобили. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ЕУ најави иницијатива за поттикнување на развојот на мали и достапни електрични автомобили.

Целта е пониска цена и поголема достапност на електричните возила за поширок спектар на купувачи.

Претседателката на унијата, Ursula von der Leyen истакна дека ЕУ ќе работи со производителите на автомобили за да се овозможи создавање на модели кои ќе чинат околу 15.000 евра.

Според неа, Европа треба да има чисти, ефикасни и лесни автомобили кои ќе бидат произвeдени на европскиот пазар и ќе имаат локални синџири на снабдување. Таа нагласи дека не треба да се дозволи земји од другите континенти (алудирајќи на Кина) да го освојат пазарот за електрични возила.

Stellantis групацијата ја поздравија оваа иницијатива но посочија дека зголемените трошоци за мали автомобили ја отежнуваат нивната профитабилна изработка. Тие бараат олеснување на регулативите за да се произведат мали автомобили со достапна и конкурентна цена.

Се размислува и за воведување на нова категорија мали автомобили инспирирани од јапонските Kei автомобили, кои имаат заеднички платформи за полесно производство и зголемена профитабилност. Останува да видиме во која насока ќе се одвиваат работите.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!