Најмоќниот плагин хибриден модел го носи легендарното име и доаѓа како замена за SF90 Stradale.
Името Testarossa значи Црвенокоса, а „новата“ Testarossa е не-толку-суптилно навраќање кон ерата кога Ferrari имаше храброст во именувањето на своите модели. Дизајнот на „Црвенокосата“ е карактеризиран од аеродинамична силуета инспирирана од моделите на италијанскиот производител од 70-тите години.
Под поклопецот се наоѓа подобрена верзија на 4-литарскиот твин турбо V8 со 830 коњски сили и 842 Nm вртежен момент. Во комбинација со трите електрични мотори моќноста се искачува на 1050 коњски сили, овозможувајќи забрзување од 0 до 100 км/час за само 2.3 секунди и максимална брзина до 330 километри на час.
Хибридниот систем со помош на батеријата од 7.45 kWh дозволува возење во електричен режим до 30 км во градски услови и максимална брзина до 130 км/ч.
Тежината на новата 849 Testarossa изнесува 1,570 кг, а дистрибуцијата на тежината е 45% напред и 55% назад. Ferrari вградија полесни кочници и амортизери, активен заден спојлер и подобрени термални системи на турбото и електромоторите.
Цената официјално не е објавена, но веруваме дека ќе биде на самиот врв на понудата на Ferrari.


















