Од нигде-никаде, Opel ја претстави Corsa GSE Vision Gran Turismo – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Од нигде-никаде, Opel ја претстави Corsa GSE Vision Gran Turismo

Новиот концепт на Opel ќе биде претставен на саемот на автомобили во Минхен, а наскоро гејмерите ќе можат да го возат во Gran Turismo 7 на Playstation 4 и 5!

Електричниот концепт на Opel има два електромотори кои испорачуваат по 476 коњски сили. По еден електромотор е поставен на секоја оска, а комбинираната моќ е 800 коњски сили. Забрзувањето до 100 километри на час трае само 2 секунди, додека максималната брзина е 320 километри на час.

Дополнително, има и Boost функција која трае 4 секунди и ослободува дополнителни 80 коњски сили. И ако мислите дека ова е „само во игрите“ – концептот навистина постои и ќе биде претставен на саемот за автомобили во Минхен за само неколку седмици.

Силата доаѓа од голема батерија со капацитет од 82 kWh, а целиот автомобил (благодарение на лесни материјали) тежи само 1170 килограми. А за да остане прицврстена до подлогата, Corsa GSE Vision GT добива агресивен аеро-пакет. Дизајнот влече инспирација и од минатото на Opel, но истовремено ја најавува и иднината на германскиот бренд. Фановите на Opel ќе ја препознаат Manta 400 од рели-трките.

Истовремено, Opel повторно игра храбро со контрастните бои – каросеријата е бела, аеро-елементите се во силна жолта боја, додека кровот и предните аеро-крила се во црна боја. Тркалата се обвиени во Goodyear пневматици со високи перформанси – предните се со дијаметар од 21 инч, задните се 22-инчни, а суспензијата е од експертите од Bilstein.

Плус, ако со овој концепт Opel ја најавува иднината на GSE спортската дивизија, тогаш нè очекуваат навистина интересни модели.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.