ПРЕМИЕРА: Brouillard e специјален проект на Bugatti и не, не може да го купите. – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Brouillard e специјален проект на Bugatti и не, не може да го купите.

Bugatti го препозна потенцијалот на Programme Solitaire (не, не играта со карти од Windows) и ќе им дозволи на супер-богатите клиенти да направат автомобил по сопствена желба.

Интересно, Brouillard е базиран на платформата на Chiron, а не на новиот, хибриден Tourbillon. Но тоа најверојатно значи дека развојот на уникатниот Brouillard е започната пред Tourbillon да биде готов. Па затоа, Brouillard е задвижуван од истиот 8-литарски W16 кој се вградуваше во Chiron, кој испорачува 1600 коњски сили.

Инаку, Brouillard го носи името на омилениот коњ на Ettore Bugatti, а од брендот најавуваат дека Programme Solitaire ќе произведува два вакви супер-ексклузивни автомобили годишно. Овој автомобил е направен по нарачка за холандскиот бизнисмен Michel Perridon, кој истовремено е најголемиот колекционер на Bugatti во светот.

А дизајнот е навистина екстремен – Brouillard има агресивен преден браник и тенки LED светла, но и поголеми отвори за воздух. Профилот е препознатлив за Bugatti, но карбонските детали се интересен контраст за зелената боја. Задните крила се исфрлени, а на поклопецот на моторот има отвор за воздух. Задниот дел е комплексен, но истовремено и елегантен.

Кабината е слична на онаа на Chiron, што е и очекувано, но скоро секоја ситница е „чепната“. И во кабината доминира зелената боја, но користени се специјални материјали од Париз, карбонските делови имаат зелени нијанси, а користена е и високо-квалитетна кожа и внимателно обработен алуминиум. Има многу детали посветени на коњите, а главниот фокус е рачно-изработената скулптура од коњот Brouillard која е во стаклен елемент во рачката од менувачот.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.