Многубројните интернет критичари се уште не успеваат да ги спречат Mansory во правењето на нивните уникатни креации.
Надворешноста е надградена со прилагоден бодикит кој вклучува драматичен нов преден браник и долнa решетка. LED дневните светла се подолги од оригиналните и истите продолжуваат низ долниот дел на браникот.
Од останатите додатоци ги забележуваме карбонскиот сплитер и хауба, новите отвори на предните крила и продолжетоците на страничните прагови. Задниот дел исто така има нов спојлер и доминантен дифузер со две централно поставени, огромни издувни цевки.
Како и кај сите модели на Mansory, внатрешноста е далеку од дискретна. Темноцрвена кожа се користи на седиштата, вратите, централната конзола, инструмент плочата и управувачот.
Нема официјална информација дали Mansory направиле некое надоградување на перформансите, но со оглед на нивната досегашна репутација, тоа вопшто не би не изненадило.