Вечерно кино: прототип верзија на Xiaomi SU7 постави нов рекорд на Nurburgring – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно кино: прототип верзија на Xiaomi SU7 постави нов рекорд на Nurburgring

Кинескиот производител направи уште еден голем успех на познатата германска патека.

Тимот на Xiaomi на чело со возачот David Pittard  успеа да намали речиси 24 секунди од претходното постигнато време. Претходниот рекорд за истиот автомобил беше 6:46.87, додека новиот рекорд изнесува 6:22.091. Специјално подготвениот SU7 Ultra успеа да го надмине прототипот Lotus Evija X кој имаше време од 6:24.04. Со тоа, прототипот SU7 Ultra сега се наоѓа на третото место, веднаш позади Volkswagen ID.R и Porsche 919 Hybrid EVO.

Инаку за споредба, серискиот модел на SU7 е побавен (со време од 7:04.957), но и покрај тоа е лидер во категоријата на електрични возила што се во сериско производство.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!