ПРЕМИЕРА: Azimut е новиот SUV на Lada – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Azimut е новиот SUV на Lada

Рускиот производител воведува нов SUV модел во понудата после речиси три децении.

И покрај тоа што Русија се соочува со војната во Украина и меѓународните санкции, домашниот Avtovaz успеа да го развие и претстави новиот Azimut. Подвозјето е базирано врз основа на моделот Vesta, а производството ќе биде целосно во Русија. Ќе се нудат два мотори: 1.6-литарски со 120 коњски сили и 1.8-литарски со 132 коњски сили, со мануелен или CVT менувач. Подоцна ќе се појави и турбо верзија со 150 коњски сили и автоматски менувач.

Предниот дел се одликува со препознатливата маска на Lada и остри LED светла интегрирани во решетката и отворите на браникот. Странично се забележуваат изразените линии на крилата, 18-инчните алуминиумски тркала и пластичните каросериски заштити. Задниот дел има целосна LED лента помеѓу светлата и декоративни елементи на браникот.

Внатрешноста е практична, но очекувано едноставна, со дигитална инструмент табла и 10-инчен екран на допир со вградена навигација и виртуелен асистент. Стандардната опрема вклучува шест звучници, камера за рикверц и бесконтактно отклучување, а како опции се нудат безжичното полнење, панорамскиот покрив, двозонската клима и електрично придвижувана задна врата.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!