ПРЕМИЕРА: Opel Grandland Electric AWD – Погон на сите тркала, 325 коњски сили и „стотка“ за 6.1 секунда! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Opel Grandland Electric AWD – Погон на сите тркала, 325 коњски сили и „стотка“ за 6.1 секунда!

Opel ја збогатува понудата на новиот Grandland со нова целосно-електрична верзија со погон на сите четири трклала, два електромотори и 325 коњски сили!

Grandland Electric AWD доаѓа со литиум-јонска NMC батерија со капацитет од 73 kWh, која според WLTP мерењата овозможува максимална автономија до 501 километар. Но она што е навистина интересно е дека постоечкиот електромотор со 213 коњски сили сега соработува со втор електромотор поставен на задната оска кој испорачува дополнителни 112 коњски сили. Вкупно, тоа значи 325 коњски сили и одлични 509 Nm вртежен момент – достапни (помалку или повеќе) од „нула“.

Системот нуди четири различни режими – Normal, 4WD, Sport и Eco. Во зависност од режимот, системот самиот одбира како ќе работи, но најинтересен е новиот Sport режим кој ја испорачува максималната моќност, а управувањето и останатите системи добиваат специјални нагодувања за подобрување на респонзивноста и спортското чувство зад управувачот. Интересен е и 4WD режимот кој ја подеднакво ја дистрибуира моќноста кон сите тркала, а системите за стабилност и контрола на тракцијата имаат специјални нагодувања за да го подобрат преносот на сила кон подлогата, каква и да е.

Плус, дополнителната моќност значи уште подобри перформанси – спринтот до 100 километри на час трае само 6.1 секунда. Grandland Electric AWD добива и специјални адаптивни амортизери, но и специјални пружини и стабилизатори, како и специјално нагодено управување и систем за контрола на стабилноста.

Grandland Electric AWD ќе го препознаете по специјалните, аеро-оптимизирани браници, но и огромните 20-инчни тркала. Според Opel, Grandland Electric AWD е најаеродинамичниот Grandland модел, со коефициент на отпор на возудхот од 0.278.

Поврзано:  Од нигде-никаде, Opel ја претстави Corsa GSE Vision Gran Turismo

Секако, ние веќе добро ги познаваме другите варијанти на Opel Grandland. Електричниот Grandland Electric го возевме на официјалната интернационална презентација во Риселсхајм, а неодамна „на наш терен“ го возевме Grandland со хибриден погон.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.