Opel Mokka GSE Rally е тркачки кросовер подготвен за – погодувате – рели! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Opel Mokka GSE Rally е тркачки кросовер подготвен за – погодувате – рели!

Со Mokka GSE Rally, Opel ја најавува целосната електрификација на GSE понудата, а електричниот кросовер ги исполнува FIA eRally5 условите и е подготвен за трки!

Opel неодамна најави дека ознаката GSE ќе се користи за електрични возила со високи перформанси, а најдобриот начин да се „дигне џева“ за тоа е токму ова – целосно-електрична Mokka подготвена за рели, и тоа по FIA стандарди!

Mokka GSE Rally е задвижувана од електромотор кој испорачува 280 коњски сили и 345 Nm вртежен момент кон предните тркала преку специјален диференцијал и пренос. Силата ја добива од батерија со капацитет од 54 kWh, но батеријата има дополнителна заштита за да ги издржи рели-трките. Шасијата и подвозјето се дополнително зајакнати и надградени со суспензија од Bilstein и други надградени компоненти.

Интересно, од Opel кажуваат дека ABS и ESP системите, како и системот за контрола на тракцијата се целосно отстратени и возачите ќе имаат целосна слобода да го извлечат максимумот од електричното рели-возило.

Секако, и ентериерот е прилагоден кон тркачките потреби. Тука е заштитниот кафез, но тука се и спортските седишта со тркачки појаси. Opel планира да ја нуди Mokka GSE Rally на приватни тркачки тимови од почетокот на 2026.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.