Eкстремениот SUV е базиран на Lamborghini Urus и комбинира луксуз, спортски перформанси и воена заштита.
Возилото се издвојува со големиот спојлер и 22-инчните тркала со теренски гуми, додека под хаубата е добро познатиот 4-литарски V8 твин-турбо мотор со 800 коњски сили, кој овозможува забрзување од 0 до 100 км/ч за само 3 секунди.
Внатрешноста нуди врвен луксуз и персонализација со неограничени опции за бои. Може да се конфигурира со четири или пет седишта, а дополнителните опции како интерком систем и комплет за прва помош се достапни за клиентите кои сакаат поголема удобност и безбедност.
Една од највпечатливите карактеристики е опционалниот пакет „Dark Knight Military“, кој го претвора возилото во вистински оклопен тенк. Пакетот вклучува стакло отпорно на куршуми, оклопни панели, заштита од експлозии, воени run-flat гуми, електрифицирани рачки на вратите, блиц светла, сирени, гас маски, термална визија и чадна завеса.
Rezvani планираат производство само 100 примероци а цената (без основниот Lamborghini Urus) со сите дополнителни опции може лесно да надмине пола милион долари.