Електричниот седан добива заострена предница, подобрена аеродинамика и спортска N Line верзија.
За помалку од три години од неговото прво лансирање, електричниот седан од E-GMP плаформата добива фејслифт. Основниот модел е достапен со батерии од 53 или 77.4 kWh, додека спортската N Line верзија доаѓа со поагресивен дизајн инспириран од Hyundai N линијата.
Новиот остар преден дел има потенки LED дневни светла со пиксел-дизајн и редизајниран браник со интегрирани главни фарови. Задниот дел ја заменува карактеристичната форма на спојлерот со суптилен продолжен багажник. N Line верзијата дополнително добива спортски тркала, црни акценти и хромирани детали.
Во ентериерот, редизајнот вклучува нов волан со три краци, поголем екран за климатска контрола и редизајнирана централна конзола со физички копчиња. Двата 12.3-инчни екрани остануваат стандарден дел од кабината, сега со надградена Connected Car Navigation Cockpit технологија која поддржува OTA ажурирања, безжичен Apple CarPlay и Android Auto.
Моделите со батеријата од 53 kWh нудат автономија до 338 км, додека поголемата 77.4 kWh батерија овозможува возачки досег до 614 км според WLTP. Брзото полнење преку 800-волтниот систем овозможува полнење од 10% до 80% за само 18 минути.
Редизајнираниот Hyundai Ioniq 6 ќе започне со производство во втората половина на 2025 година, а цените ќе бидат објавени наскоро.















