Електричниот Peugeot e-208 сега може да помине до 433 километри со полни батерии! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Електричниот Peugeot e-208 сега може да помине до 433 километри со полни батерии!

Францускиот производител подготви серија оптимизации за Е-208, кој сега може да помине повеќе од 400 километри со полни батерии.

Peugeot гордо соопшти дека E-208 сега нуди најдобар електричен досег во својот сегмент со автономија до 433 километри (според WLTP мерењата во комбинирани услови) за верзијата опремена со мотор од 156 коњски сили, што претставува претставува подобрување од 23 километри. Ова унапредување ја зацврстува позицијата на моделот како репер за ефикасност, што беше потврдено и за време на 2024 Ecotest спроведен од престижниот ADAC, кој го прогласи Peugeot E-208 за најефикасен автомобил на европскиот пазар.

И секако, купувачите ја препознаваат оваа ефикасност – Peugeot E-208 го зазеде врвното место како најпродаван модел во 100% електричниот Б-сегмент во Франција и Европа. За да го продолжи овој успех, Peugeot сега воведува неколку дополнителни елементи кај PEUGEOT E-208.

Интересен новитет е новиот Trip Planner, кој во комбинација со уредот за навигација ја планира најоптималната рута на возење и го максимизира досегот на автомобилот, но и го олеснува полнењето. За пресметување на идеалната рута, системот ги зема предвид растојанието кое треба да се помине, нивото на наполнетост на батеријата при поаѓање, посакуваното ниво на наполнетост при пристигнување и достапните полначи во близина на дестинацијата. Секако, ја зема предвид и потрошувачката на енергија и различните фактори кои влијаат на неа – како на пример сообраќајот, брзината, типот на патот, надморската височина, итн.

Истовремено, Peugeot воведува и функција за лимитирање на полнењето до 80% при полнење на наизменична струја. Ова овозомжува полнење според дневните потреби, но и долгорочна заштита на батеријата. Е-208 добива и V2L (Vehicle to Load) функционалност, која овозможува напојување на електрични уреди преку батеријата на автомобилот. Па можете да го користите вашиот Е-208 да напојувате скара ако сте некаде на излет, на пример.

Поврзано:  Македонската полиција ќе вози Peugeot 408!

Воведувањето на функцијата „80% лимит на полнење“, достапна при полнење со наизменична струја (AC), исто така овозможува приспособување на нивото на наполнетост според дневните потреби. Е-208 добива и нова мултифункционална камера, а достапна е и нова Okenite Бела боја. Хибридните модели добиваат нови ознаки – Hybrid 110 и Hybrid 145, кои директно ја нагласуваат вкупната, системска моќност на погоните. Овие мотори веќе ги исполнуваат новите ЕУРО 7 стандарди.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.