Вечерно кино: Stig дрифта Ford SuperVan на тркачката патека на Top Gear – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Вечерно кино: Stig дрифта Ford SuperVan на тркачката патека на Top Gear

Потребен беше висококвалификуван возач за да го совлада електричното супер-комбе со 2,000 коњски сили.

Ford SuperVan 4.2 е инспириран од лесното товарно возило E-Transit Custom, но со редизајнирана аеродинамика, три електрични мотори и 400 килограми помала тежина.

Иако Top Gear се на неодредена пауза, The Stig е се уште активен и продолжува да бара нови возбуди на нивната тест патека.

Комбинацијата на неговите возачки способности со перформансите на SuperVan 4.2 резултираше во електризирачки настап кој ја истакнува возбудливата иднина на електричните возила во мотоспортот.

 

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!