Рекордот го постави тест возачот Никлас Лилја на стазата Готланд Ринг во Шведска, а на снимката е прикажано како автомобилот го комплетира кругот за време од 2:56,97.
Со должина од 7,3км Готланд Ринг на возачите им го нуди еден од најдолгите кругови во Европа. Иако не е долга како најпознатата тркачка патека во Европа, Нирбургринг, прстенот Готланд има голем број на брановодни свиоци и претставува вистински предизвик за многу возачи.
Од Коенигсег тврдат дека возењето на Готланд Ринг не претсавувало обид за поставување нов рекорд, туку било наменето за маркетинг активности. Тоа само го прави постигнатото време уште поимпресивно. Лилја вели дека го користел Jesko Attack со околу 90 проценти од неговата моќност кога го надминал поранешниот рекорд (поставен од Porsche 911 GT3 RS Manthey-Racing) за седум секунди.
Сепак, не треба да изненадува овој резултат на Jesko. Неговиот 5,1-литарски V8 мотор со двоен турбополнач е способен да испорача до 1.600 КС кога работи на E85 гориво, иако за ова возење било кристено гориво од 98 октани, односно биле користени „само“ 1.280 коњски сили.
И покрај огромната моќност на Jesko, Никлас Лилја успева да го држи под контрола, а резултатот може да го погледате подолу: