ПРЕМИЕРА: Новиот Suzuki Swift пристигнува со лајт-хибридна технологија и нов ентериер – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Новиот Suzuki Swift пристигнува со лајт-хибридна технологија и нов ентериер

Помина помалку од еден месец откако најновата верзија на јапонскиот мал хечбек го имаше своето деби на саемот за автомобили во Токио.

Иако на прв поглед делува како фејслифтирана верзија, сепак се работи за целосно нов модел. Toj се карактеризира со понежен дизајн и помеки рабови во споредба со претходникот. Предницата сега има поголема решетка, нови фарови а традиционалниот знак на Suzuki овој пат е поставен веднаш под хаубата. Измените во задниот дел вклучуваат нов сет на задни светла, поагресивен заден браник и конвенционални рачки на вратите.

Внатрешноста добива позначајни измени, главно со 9-инчниот централен екран на допир и со новиот дизајн на воланот, кој и успева да ги задржи физичките контроли. Безбедносните карактеристики на новиот Swift вклучуваат систем кој препознава возила, велосипедисти и пешаци, помош за задржување во лента, предупредување за напуштање лента, следење на мртва точка и следење на поспаност кај возачот.

Погонската единица е 1.2-литарски три-цилиндерски бензински мотор, директно поврзан со автоматски CVT менувач, а на фотографијатазабележуваме и опција со три педали и мануелен менувач. Како и досега, моторот на Swift добива блага хибридна помош со чија помош се зголемува неговата ефикасност. Стандардниот модел доаѓа со погон на две тркала, додека AllGrip верзијата ќе биде достапна како опција.

Сè уште не се објавени податоци за моќноста, перформансите и цените за новиот Swift, но очекуваме дека тие ќе бидат многу слични на постојниот лајт-хибриден модел.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!