Denza го објави новиот супер-автомобил Z! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Denza го објави новиот супер-автомобил Z!

Луксузниот бренд на BYD покажа три различни верзии на новиот модел Z: Coupe, Spider и Racing

Сите три верзии на Denza Z се поставени на новатата платформа e3 Sports Car и користат три електромотори. Еден мотор ја придвижува предната оска, додека останатите два независно ги задвижуваат задните тркала, испорачувајќи вкупна моќност од 1604 коњски сили и вртежен момент до 1240 Nm.

Coupe верзијата забрзува од 0 до 100 км/ч за 2,25 секунди, додека Racing изведбата го намалува тоа време на само 1,96 секунди. Се подготвува и четврти модел, Z Special Edition, кој ќе развива над 2.000 коњски сили и ќе забрзува до 100 км/час за помалку од 1,7 секунди!

Шасијата е целосно направена од алуминиум, а за суспензијата се грижи интелигентниот систем со магнетни амортизери кои во реално време се прилагодуваат на условите на патот. Сопирањето го прават карбонските дискови со фиксни клешти за максимална отпорност на прегревање.

Возилото користи 1000-волтна архитектура и иновативен интегриран погонски систем. Електромоторите можат да достигнат до 30.000 вртежи во минута, додека задните тркала имаат независно управување и прецизна контрола на векторирањето на вртежниот момент.

Denza Z е опремена со втората генерација на Blade батериите кои имаат унапреден систем за термо-менаџмент. Батеријата се полни од 10% до 70% за само 5 минути, а од 10% до 97% потребни се 9 минути. На екстремно ниски температури до -30°C, полнењето од 20% до 97% трае 12 минути.

Кабината е збогатена со премиум кожни седишта кои нудат 12 насоки на електрично подесување, вентилација, греење, меморија, масажа и активна странична поддршка во кривини. За озвучувањето е задолжен аудио системот на Devialet кој содржи 12 звучници, а управувањето со функциите оди преку 12,8-инчниот централен инфозабавен екран со гласовни команди.

Првите испораки за европскиот пазар се планирани за крајот на 2026 година, додека цените ќе се движат од 167.000 до 202.000 евра, зависно од изведбата.



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!