На официјалната веб-страница на изборот Златно Тркало започна гласањето за најпосакувани автомобили за годинава – гласајте и вие!
Со огромно задоволство можеме да кажеме дека започна гласањето за овогодинешниот избор за најпосакувани автомобили во Македонија – Златно Тркало. На официјалната веб-страница можете да гласате во четири различни категории:
- Најпосакуван Семеен Автомобил
- Најпосакуван Градски Автомобил
- Најпосакуван Електрифициран Автомобил
- Најпосакуван Автомобил во Македонија за 2026
И годинава изборот го сочинува еклектична листа на кандидати, и сите ќе се борат да го привлечат токму вашиот глас. Затоа гласајте!






