BMW M2 добива официјален тркачки бодикит – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

BMW M2 добива официјален тркачки бодикит

Сетот ги вклучува регулирачкиот преден сплитер, модификуваниот преден браник и големиот заден спојлер кој е позајмен од тркачките верзии на M4.

Со помош на новиот преден сплитер значително е зголемена надолната сила додека предната стабилност е подобрена благодарејќи на новата форма на браникот.

Задниот спојлер има “Race Mode” кој го поместува за речиси 5 сантиметри наназад и истиот има вградено дополнително стоп светло.

Под шасијата, возилото добива регулирачки амортизери со регулирачки лежишта кои имаат можност за спуштање до 20 мм напред и назад.

Останува истиот S58 3-литарски турбо мотор со 480 коњски сили и 540 Nm вртежен момент кој се поврзува со шест-брзинскиот рачен или осум-брзинскиот автоматски менувач.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!