Многу новитети во новиот салон на Chery – тука се освежениот Tiggo 8 и новите Tiggo 4 и Тiggo 7! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Многу новитети во новиот салон на Chery – тука се освежениот Tiggo 8 и новите Tiggo 4 и Тiggo 7!

Chery неодамна и официјално доби нов дом во Македонија – и во салонот на кинескиот бренд веќе има и неколку новитети.

Новиот салон на Chery во рамките на Гранд Моторс во Скопје може да се пофали со невообичаена доза на активност. Пред само неколку месеци пристигна (и веќе го возевме) новиот Chery Arrizo 8 во плаг-ин хибридна варијанта, а денес со задоволство можеме да пренесеме дека во Македонија се пристигнати уште неколку новитети.

Интересен новитет се новите Tiggo 4 Pro Hybrid и Tiggo 7 Pro. Всушност, ако кажеме дека се освежени, нема да кажеме доволно – па затоа ќе кажеме дека се нови. Tiggo 4 Pro Hybrid е замислен да биде моќен и ефикасен урбан кросовер – благодарение на хибридниот погон изграден врз 1.5-литарски турбо-бензинец има на располагање вкупно 204 коњски сили кои ги пренесува кон предните тркала преку DHT менувач наменет за хибридни автомобили.

Секако, доаѓа во Нема-Што-Нема ниво на опрема и сето тоа се добива за 24.990 Евра.

Понатаму, пристигнат е и новиот Tiggo 7 Pro, кој за прв пат може да се добие и како плаг-ин хибрид. Тука се комбинираат 1.5-литарски турбо-бензинец кој испорачува 140 коњски сили со електромотор кој испорачува дополнителни 200 коњски сили. Вкупната, системска моќност е одлични 278 коњски сили а може да се поминат повеќе од 90 километри пред да треба да се активира бензинецот.

Tiggo 7 Pro може да се добие и со конвенционален бензинец со 147 коњски сили, а и двата модели добиваат нова кабина со грст нови технологии и (повторно и очекувано) многу многу опрема. Бензинскиот Tiggo 7 Pro чини од 30.500 Евра, додека плаг-ин хибридниот чини од 33.500 Евра.

И конечно, тука е и новиот, надграден Tiggo 8. Најважниот новитет кај Tiggo 8 Pro е целосно-ревидираната кабина кога сега добива нова технолошка основа и нов пристап кон нештата – пред возачот е поставен помал екран, додека на централната конзола е поставен огромен екран преку кој се контролираат повеќето функционалности. Tiggo 8 чини од 36.000 Евра.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: Freelander 8 е првиот SUV на моделот кој стана бренд

Нов салон, многу новитети! За повеќе информации посетете ја веб-страницата на Chery Auto во Македонија, или пак салонот во рамките на Гранд Моторс.

Tiggo 4

Tiggo 7

Tiggo 8

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.