Во салонот на Toyota неодамна пристигна освежениот Aygo X – кој сега е достапен само со супер-ефикасен (и изненадувачки моќен!) хибриден погон.
Како што веќе сите знаеме, Toyota е синоним за ефикасни и хибридни автомобили. И во ситуација во која конкурентите нудат мали автомобили со конвенционален бензински мотор, или со лајт-хибриден погон, или пак целосно електрични, но никој не нуди фул-хибрид – Toyota одличи да ја пополни таа празнина.
И токму затоа, Toyota одлучи да го исфрли 1-литарскиот атмосферски бензинец кој досега се нудеше во Aygo X и да го замени со 1.5-литарски хибриден погон кој веќе се нуди во Yaris и Yaris Cross. Хибридниот погон ја пренесува силата кон предните тркала преку CVT менувач и испорачува 116 коњски сили – цели 44 коњски сили повеќе од бензинецот. Според официјалните бројки, Aygo X забрзува до 100 километри на час за само 9.2 секунди!
Инаку, освежениот Aygo X има значително поагресивен лик од неговиот претходник. Веднаш забележуваме редизајнирани браници и нови предни светла, како и голема предна маска. Плус, достапни се и неколку нови бои и нови дизајни на тркалата. Кабината добива нов 7-инчен панел со инструменти, редизајнирани контроли за клима-уредот, безжичен полнач за мобилен телефон и два USB-C приклучоци. Aygo X го задржува 9-инчниот инфозабавен панел, но и тој е надграден.
Новиот Aygo X (и уште еднаш да потсетиме, се чита Ајго Крос, не Ајго Икс) е веќе достапен во салонот на Toyota во Скопје.


















