Сфаќате, сфаќате? :D
Škoda го најави знаменосецот на електричната SUV-гама – и прилично самоуверено, тој ќе се вика Peaq. Веруваме дека знаете, но за оние кои не знаат – на англиски Peak значи врв!
Peaq ќе биде базиран на Vision 7S концептот кој Škoda го претстави во 2022 и ќе биде голем SUV со седум седишта. Очекувано, ќе биде поставен на MEB архитектурата на Volkswagen групацијата, но темелно доработена и модернизирана за да ги исполни и највисоките очекувања. Сега за сега немаме никакви информации околу можните батерии и конфигурации, но очекуваме дека ќе добие батерија со капацитет од околу 90 kWh и би требало да може да помине повеќе од 550-600 километри со едно полнење.
Секако, можеме да очекуваме и погон на задните или на сите четири тркала, а најверојатно ќе добиеме и поспортска изведба која би ја носела ознаката RS. Peaq ќе биде претставен до крајот на годинава.







