Просечната старост на возилата во Македонија е речиси 20 години, но расте продажбата на електрични и хибридни автомобили – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Просечната старост на возилата во Македонија е речиси 20 години, но расте продажбата на електрични и хибридни автомобили

Според најновите податоци од Државниот Завод за Статистика и Царинската Управа, во Македонија во 2024 биле регистрирани безмалку 700.000 возила!

Расте возниот парк во Македонија. Расте, но и старее. Според официјалните податоци од Државниот Завод за Статистика и Цариснката управа, бројката на возила во Македонија во изминативе 12 години е дуплирана! Ако во 2012 биле регистрирани 350.000 возила, на крајот на 2024 биле забележани речиси 700.000! Просечната старост е 19.4 години (безмалку непроменето од лани) а дури 87.9% од возилата се постари од 7 години. Возила не постари од две години? Само 1.8%.

Речиси една третина од патничките возила се регистрирани во Скопје – од вкупно 699.111 возила, 229.546 се во во главниот град. Ако на тоа се додаде и бројката на возилата на резиденти на Скопје кои не ги пререгистрирале возилата во главниот град – не би биле изненадени ако таа бројка го надминува прагот од 250.000.

Всушност, би додале и дека во моментов вкупната бројка на возила во Македонија лесно ја надминува бројката од 700.000. Со одредена воздржаност можеме да претпоставиме дека во 2025 се продадени уште околу 30.000 возила, а за бројката на нерегистрирани возила кои се возат по патиштата да не зборуваме…

Сепак, охрабрува бројката на продадени хибридни и електрични возила. Иако значително доцниме со овој тренд, минатата година бројката на електрични возила се зголемила скоро двојно, додека онаа на хибридните возила тројно. Според податоците, во 2024 на македонските патишта имало 561 електрично возило 1287 хибридни возила, додека минатата година се регистрирани вкупно 1507 електрични возила и 5087 хибридни возила.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.