Уште повеќе италијански стил – Alfa Romeo го претстави Junior Sport Speciale – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Уште повеќе италијански стил – Alfa Romeo го претстави Junior Sport Speciale

Alfa Romeo ја проширува понудата на Junior со новиот Sport Speciale кој доаѓа со грст спортски додатоци и може да се добие со еден од три различни современи погони.

Од Alfa Romeo кажуваат дека Junior Sport Speciale е замислен за оние кои сакаат компактен автомобил со автентичен спортски дух, но и достапно позиционирање. Junior Sport Speciale добива визуелни измени кои ги комбинира со богата стандардна опрема и се позиционира во срцето на сегментот.

Екстериерот добива спортски бодикит во сјајна црна боја и сребрени детали, како и 18-инчни Fori тркала и ексклузивна Sport Speciale значка. Може да се нарачаат и затемнети задни стакла, а може да се добие и двобојна комбинација со кровот во друга боја од онаа на каросеријата.

Кабината добива спортски седишта со загревање, кои се делумно обвиени во перфорирана Алкантара и „ice“ вметоци. Истите материјали се искористени и за арматурната табла, централниот гребен и вратите. Управувачот е обложен во кожа и алкантара, а добива и контрастни шевови.

Дополнително, купувачите ќе можат да го нарачаат Techno пакетот кој вклучува напредни системи за асистенција во возењето, Matrix LED предни светла и многу, многу повеќе.

Во однос на погонските опции, ќе можете да го нарачате Junior Sport Speciale со 1.2-литарскиот хибрид со 145 коњски сили и погон на предните тркала, или пак со истите хибридни 145 коњски сили и Q4 погон на сите четири тркала. Најмоќата изведба е целосно-електричната која испорачува 156 коњски сили.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.