После 22 години, јапонскиот производител добива ново, модерно дводимензионално лого.
Дизајнот го задржува препознатливиот силуетен облик на буквата „S“ кој се користи уште од 1958 година, но сега со рамна површина и мат финиш.
Освеженото лого првично ќе се појави на концептите кои ќе бидат презентирани на Japan Mobility Show 2025, а потоа новиот изглед постепено ќе биде воведен во целата глобална понуда на Suzuki. Бидејќи пропорциите на логото не се променети, истото може лесно да се постави на постоечките модели.
Претседателот и извршен директор Toshihiro Suzuki објасни дека новиот емблем ја претставува заложбата на Suzuki за создавање вредни производи за своите потрошувачи и спремноста на компанијата да се соочи со новите предизвици. Под слоганот „By Your Side“, Suzuki ќе се стреми да обезбеди мобилност поврзана со секојдневниот живот и ќе придонесе за одржлива иднина.