ПРЕМИЕРА: Нова ера започнува – iX3 е првиот Neue Klasse модел на BMW! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Нова ера започнува – iX3 е првиот Neue Klasse модел на BMW!

Со лансирањето на новиот iX3, BMW влегува во една нова ера – електричниот SUV е првиот Neue Klasse модел кој пристигнува на улиците.

Со новиот iX3, BMW за прв пат лансира неколку важни новитети. Од новата платформа, преку новите технологии, па сè до новиот дизајн, новото Neue Klasse е ново поглавје за баварскиот бренд. Но зошто „новото Neue Klasse“? Па оригиналните Neue Klasse возила, меѓу кои беше и BMW 2002, се всушност автомобилите кои го ставија BMW онаму каде е денес – па самото тоа кажува дека BMW навистина вложува многу во идните автомобили.

Ајде прво за изгледот. iX3 воведува нов дизајнерски јазик кој BMW веќе ни го најави со неколку концепти. Дизајнот е јасен, едноставен и полн со карактер, без притоа да биде „прегласен“ ниту пак преагресивен. Сепак, iX3 изгледа моќно и воведува целосно нова интерпретација на „четирите очи“ кои се толку карактеристички за BMW, а баварците гордо кажуваат дека светлината го заменува хромот.

Профилот е чист, но со јасно-дефинирани крила, додека на задниот дел вниманието оди највеќе кон тродимензионалните задни светла. Во дизајнот препознаваме форми и од целосно-електричниот IX, но вистината е дека iX3 е храбар, самоуверен и мускулест. Во суштина, огромен дизајнерски скок кој ќе го дефинира брендот во годините кои доаѓаат.

Во кабината доминира новиот BMW Panoramic iDrive со новиот BMW Operating System X. Според BMW, четирите супер-мозоци кои работат во позадина би требало да обезбедат врвни перформанси, а супер-современите екрани и оперативниот систем би требало да обезбедат фокус кон возачот, но и одлична ергономија.

Новиот iX3 ја добива најновата eDrive технологија на BMW која сега е во нејзината шестта генерација. Сите компоненти се дизајнирани и конструирани за 800-волтно функционирање, а густината на моќноста во батеријата е подобрена за 20%. Тоа значи подобра автономија, помала (и полесна) батерија и подобрени перформанси. Батеријата е со капацитет од 108.7 kWh. Според WLTP мерењата, iX3 би требало да може да помине до 805 километри со полни батерии. Полнењето е со максимални 400 KW, што пак би требало да овозможи да се наполнат до 372 километри автономија за само 10 минути – со пристап до доволно брз полнач, секако.

На самиот старт ќе биде лансиран BMW iX3 50 xDrive кој добива два електромотори кои заедно испорачуваат 469 коњкси сили и 645 Nm вртежен момент, доволни за катапултирање до 100 километри на час за 4.9 секунди и максимални 210 километри на час.

Поврзано:  ТЕСТ: BMW X3 xdrive20d M Sport - Дали е ова најдобриот SUV од BMW?


Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.