ПРЕМИЕРА: Peugeot го покажа освежениот 308! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Peugeot го покажа освежениот 308!

Освежениот Peugeot 308 не само што добива затегнат дизајн кој ги следи најновите естетски насоки на брендот, туку добива и грст нови технологии, облагороден ентериер и уште помоќни и поефикасни погонски опции.

Peugeot го лансираше освежениот 308 со мотото „За љубовта кон патот“. Па кажете му Bonjour на новиот Peugeot 308! Францускиот производител пред само неколку моменти го претстави освежениот 308, а ние веќе ги имаме сите детали.

Да започнеме со дизајнот. Ако кажеме дека 308 влече директна дизајнерска инспирација од било кој друг модел на Peugeot, најверојатно би згрешиле. На предниот дел доминира широкиот светлосен потпис, додека конвенционалните светла се скриени под нив во браникот.

На средината на предната решетка е поставен знакот на Peugeot, кој за прв пат во понудата на брендот е целосно осветлен. Профилот е воглавно неизменет, но сепак 308 добива нови тркала. Слично е и на задниот дел, каде задните светла остануваат исти, но забележуваме освежен заден браник. Peugeot воведува и нова Lagoa Blue сина боја.

Со освежениот 308, пристигнуваат и надградени погонски опции. Секако, тука е целосно-електричниот Е-308 кој добива електромотор со моќност од 156 коњски сили и 270 Nm вртежен момент. Во комбинација со батерија со капацитет од 58.4 KWh, може да помине до 450 километри со едно полнење. Благодарение на брзото DC полнење со моќност до 100 kW, полнењето од 20 до 80% трае само 32 минути.

Понатаму, Peugeot ја зајакнува плаг-ин хибридната понуда со 308 Plug-In Hybrid 195 кој има вкупно 195 коњски сили. Овој погон комбинира електромотор со моќност од 125 коњски сили со 1.6-литарски турбо-бензинец кој испорачува 150 коњски сили. Вкупната системска моќносте  195 коњски сили а благодарение на батеријата со капацитет од 17.2 kWh, автономијата на струја сега е одлични 85 километри.

За оние кои сакаат поедноставна електрификација, тука е хибридниот погон со 145 коњски сили и e-DSC6 автоматски менувач. Овој погон е исклучително ефикасен и 308 може да троши само 4.7 литри на 100 километри според WLTP. Во урбани околини, до 50% од возењето може да биде на струја.

Поврзано:  Peugeot подготви „Лавовска“ есенска понуда за 208, 2008, 408 и 3008!

Изненадувачки, Peugeot не се откажува од дизелот, и новиот 308 ќе се нуди и со 1.5-литарскиот BlueHDi кој испорачува 130 коњски сили и се комбинира со EAT8 автоматски менувач.

Кабината кај освежениот 308 го следи пристапот од екстериерот – едноставни, чисти линии и софицистицирана интеграција на високите технологии, вклучувајќи ги дигиталниот панел со инструменти и 10-инчниот централно-поставен мултимедијален уред. Од Peugeot ветуваат и врвни материјали во кабината – од алуминиум, па сè до Алкантара. Инструментите добиваат нов дизајн на графичките елементи и 3D приказ во некои нивоа на опрема. Тука се и i-Toggles кратенките кои овозможуваат персонализација на уредот, а надграден е и системот за амбиентално осветлување.

Покрај 308 во неговата конвенционална форма, Peugeot денес го претстави и 308 SW, односно караванската изведба на 308. Караванот може да се добие со истите погонски опции и нивоа на опрема, а во зависност од конфигурацијата има багажник со капацитет од одлични 598, па сè до импресивни 1487 литри.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.