Gordon Murray, човекот кој своевремено го потпиша дизајнот на McLaren F1 неодамна основаше своја компанија и веќе покажа неколку автомобили – но најновиот S1 LM е директен омаж на легендарниот F1 и сите пет примероци се веќе продадени.
Gordon Murray Automotive (GMA) веќе ги л ансираше T50, T50S и T33, и сите автомобили се веќе распродаадени. Легендарниот Murray секогаш нуди иновативни, неортодоксни решенија кои ги поместуваат границите на автомобилското инженерство и автомобилскиот дизајн, и токму тоа се случува и со S1 LМ.
Во ред, во ред, врската со F1 е очигледна и намерна – сепак тоа е најпознатиот дизајн на Murray. Сепак, во S1 LM препознаваме и детали од Т50 и Т50S, покрај очигледниот омаж кон F1. Поврзаноста со F1 ја препознаваме насекаде – и во предниот дел, и во профилот и (особено) во задниот дел и четирите задни светла кои се толку препознатлив елемент на F1.
Под задниот поклопец се крие 4.3-литарски V12 кој испорачува повеќе од 700 коњски сили кон задните тркала, а надградено се и подвозјето и суспензијата. Самиот Murray кажува – „Го сакам безвременскиот дизајн. Не сакам да се приклучам кон трката да се направи најлудиот дизајн по цена на баланс, убавина и пропорција. Видете го резултатот – автомобилот е прекрасен и безвременски“.
GMA ќе направи само пет примероци и за жал, сите ќе одат кај истиот купувач. Да се надеваме дека нема да дремат во некоја гаража во еден од Емиратите. Иако за жал, најверојатно токму тоа ќе се случи.