Два јубилеи за продолжена соработка – 50 години BMW Серија 3 и 50 години кариера на Влатко Стефановски – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Два јубилеи за продолжена соработка – 50 години BMW Серија 3 и 50 години кариера на Влатко Стефановски

Денес Влатко Стефановски и BMW ја продолжија соработката – македонскиот виртуоз на гитарата ќе вози BMW Серија 3 Touring.

Низ 7 генерации изминативе 50 години, Серијата 3 на BMW ги дефинира стандардите во својот сегмент и го поставува бенчмаркот со кој се споредува конкуренцијата. Истовремено, македонскиот виртуоз на гитарата изминативе 50 години ја гради својата кариера и ја постави Македонија на глобалната мапа. Заеднички, BMW Серија 3 и Влатко Стефановски имаат многу различни насоки, но и многу работи кои ги спојуваат.

Марко Јовановски – директорот на М-Кар Македонија, увозникот за возилата на BMW и MINI – изјави дека е навистина горд и на BMW Серија 3, модел кој е доминантен во својот сегмент, но и на продолжената соработка со Влатко Стефановски.

„Годинава одбележуваме уште еден значаен јубилеј – 10 години континуирано присуство и успех на „BMW М Кар Македонија“ како официјален застапник на BMW и MINI. Нашето лојално BMW семејство постојано расте, а еден од најдрагоцените успеси е токму оваа посебна соработка со Влатко. Од 2018 година Влатко е дел од нашата BMW фамилија, а денес со задоволство ја објавуваме новата етапа од тоа пријателство – каде тој повторно ќе ги освојува сцените со BMW Серија 3 Touring како свој верен сопатник“ – изјави Јовановски.

Македонскиот гитарист пред неколку години подготви уникатен аудио потпис за BMW во Македонија и ова е негово второ возило од гамата на баварскиот бренд. Самиот изјави дека е особено важно да може да патува во комфорен и пред сè безбеден автомобил. Но и тој и неговото трио да имаат доволно простор и за инструментите, секако.

Поврзано:  Прв Контакт со Neue Klasse - BMW iX3 на саемот во Минхен!

„Ние музичарите имаме свои опсесии – мојата прва е музиката и гитарите, а втората – автомобилите и превозот. Многу е важно да се возиш во безбеден, сигурен и квалитетен автомобил, особено кога патуваш низ регионот или Европа. Откако почнав да возам BMW, станав свесен што значи вистинско искуство во возењето – тоа не е само начин да се стигне од точка А до точка Б, туку привилегија и уживање во секој километар.“ – Додаде Влатко.

Покрај двата златни јубилеи, денес и М-Кар Македонија го прославува својот 10-ти роденден. Им ја честитаме соработката, на BMW Серија 3 ѝ го честитаме 50-тиот роденден, а на Влатко му посакуваме уште многу години активна кариера и многу, многу настапи.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.