Македонска премиера на Volkswagen Tayron – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Македонска премиера на Volkswagen Tayron

Tayron е најновиот SUV-натпреварувач на Volkswagen – голем, комфорен, технолошки напреден и достапен со 7 седишта.

Салонот на Volkswagen во Скопје денес беше домаќин на уште една премиера – новиот, голем Volkswagen Tayron. Во хиерархијата на SUV моделите на Volkswagen, Tayron доаѓа меѓу Tiguan и Touareg. Tayron во суштина ги следи насоките кои веќе ги постави новиот Tiguan, но во поголемо пакување и во комбинација со пет или седум седишта.

Tayron е изграден врз најновата итерација на MQB платформата и од Volkswagen гордо кажуваат дека новиот SUV е дизајниран за европските купувачи во Европа – Tayron е развиен и се произведува во Wolfsburg. Интересно, дел од технологијата е пренесена и адаптирана од Touareg. На пример, IQ.LIGHT HD Matrix интерактивните светла и седишта со воздушната масажа со 10 зони доаѓаат директно од најголемиот SUV на Volkswagen.

Tayron е достапен со три линии на опрема: Life, Elegance и R-Line. Опсегот започнува со Tayron Life, кој веќе доаѓа со обемен пакет на опрема. Меѓу другото, добива автоматски трозонски клима уред, амбиентално осветлување, девет воздушни перничиња, неколку режими на возење, па и различни профили на возење доколку одберете 4Motion погон на сите четири тркала. Секако, тука е и огромниот нов инфозабавен мултимедијален уред со безжично Android Auto и Apple CarPlay поврзување.

По пакетот Life, тука се врвните Elegance и R-Line. Elegance е наменет за оние кои сакаат малку повоздржан пристап, додека R-Line е за оние кои сакаат поспортска, поекспресивна појава. Двете верзии добиваат LED Plus предни светла и 3D LED задни светла и уште многу, многу повеќе.

Поврзано:  ПРЕМИЕРА: VW ID. Cross е повеќе од концепт, пристигнува следната година

Во однос на погонските единици, можете да изберете меѓу моќни турбо-бензинци или турбодизели, како и современи плаг-ин хибридни погони. Во зависност од моторот кој ќе го одберете, ќе добиете меѓу 150 и 272 коњски сили. Сите верзии добиваат автоматски DSG менувач, а во зависност од моторот, ќе добиете и 4Motion погон на сите четири тркала. Плаг-ин хибридните eHybrid модели имаат 204 или 272 коњски сили и можат да поминат околу 100 километри на батерии, односно без воопшто да се вклучи бензинецот.

За повеќе информации, можете да ја посетите официјалната веб-страница, или пак салонот на Volkswagen.



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.