Јапонскиот производител е во процес на „размрдување“ и потврди дека е подготвен да го воведе Dongfeng „во глобалниот производствен еко-систем на Nissan.“
Ваквиот потег на Nissan e интересен, но најверојатно и не е неочекуван. Во изјава за BBC, Nissan (кој патем, вработува илјадници во Обединетото Кралство) пренесе дека е подготвен да го воведе Dongfeng во глобалниот производствен еко-систем на брендот. Ова е интересен чекор, особено имајќи ги предвид превирањата во глобалната автомобилска индустрија и даноците (односно, трендовски, тарифите) кои им се воведуваат на кинеските производители. Прва фабрика која е спомената е фабриката на Nissan во Sunderland во Обединетото Кралство.
Nissan соработува со Dongfeng повеќе од 20 години. Кинескиот гигант локално ги произведува автомобилите на Nissan, наменети за кинескиот пазар. Nissan е во интересна ситуација – по заминувањето на Ghosn од Renault-Nissan-Mitsubishi алијансата, јапонскиот гигант претрпе неколку измени на лидерските структури, но и пропаднат обид за спојување со Honda. Двата гиганти не можеа да се договорат околу деталите и обидот за спојување пропадна во Февруари.
Во моментов на чело на Nissan е Ivan Espinosa, кој го наследи Makato Uchida. Ivan Espinosa беше одговорен за планирање во Nissan, но и на чело на моторспорт дивизијата на брендот.