Салонот на Geely во Скопје ја доби наградата за Најдобар Салон на GEELY за 2024! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Салонот на Geely во Скопје ја доби наградата за Најдобар Салон на GEELY за 2024!

Македонскиот увозник за возилата на GEELY – Делфино Мобилити Груп – од својот принципал доби признание за најдобар салон за 2024.

Од Делфино Мобилити Груп со особена гордост и чест соопштуваат дека „Делфино Мобилити Груп ја доби наградата за Најдобар GEELY Салон во 2024 Година“. Признанието беше доделено на свечена церемонија во Хангџу, Кина, од страна на GEELY AUTO, еден од најголемите и најиновативни автомобилски производители во светот.

Додаваат дека оваа награда е значаен момент за компанијата и воедно е и признание за континуирана посветенсот, професионалност и тимска работа во претставувањето на GEELY на македонскиот пазар. Наградата е резултат на заедничките напори на целиот тим на Делфино Мобилити Груп – од продажба и постпродажба, преку маркетинг па сè до администрација и логистика. Тимот секојдневно работи со една заедничка цел – а тоа е да го донесат врвното GEELY искуство до македонските купувачи.

„Нашата визија отсекогаш била јасна – да изградиме доверба во еден нов, квалитетен и технолошки напреден бренд како што е GEELY, и да покажеме дека на македонскиот пазар постои простор за квалитетна алтернатива која нуди модерен дизајн, напредна технологија и одличен сооднос помеѓу цена и добиена вредност.“, кажуваат од Делфино Мобилити Груп, и додаваат – „Наградата за најдобар салон е потврда дека се движиме во вистинската насока, и дека нашите вредности – посветеност кон клиентите, транспарентност, иновативност и професионален пристап – се препознаени и од самата компанија GEELY AUTO на меѓународно ниво.“

Делфино Мобилити Груп упатува благодарност до GEELY Auto за довербата и поддршката, но и до сите вработени, клиентите и партнерите.

Поврзано:  Ги доделивме овогодинешните награди Златно Тркало

Извор: Делфино Мобилити Груп

 



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.