Renault го претстави Megane Esprit Alpine – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

Renault го претстави Megane Esprit Alpine

Францускиот електричнен хечбек добива спортска Alpine изведба која ја истакнува неговата поатлетската страна.

Во нивото на опременост Esprit Alpine, Megane доаѓа со ексклузивна сива мат „shadow grey“ боја, 20-инчни „ice black“ затемнети алуминиумски тркала и сјајно црни облоги околу прозорците.

 

Внатре, клиентите ќе добијат сет спортски предни седишта и безбедносни појаси со карактеристични сини контрастни шевови. Црно-сината шема на бои продолжува на потпирачите за раце, централната конзола и контролната табла.

Во внатрешноста, новост е и 12-инчниот екран на допир кој е поврзан со 12,3-инчниот дигитален инфо-дисплеј. Софтверот кој ги напојува овој систем е OpenR Link и истиот доаѓа со Google Maps.

Дополнителна новост кај моделот е опцијата за возење со една педала во системот за регенеративно сопирање. Дизајниран е да понуди понепречено возење низ градот и да помогне да се прошири возечкиот досег на автомобилот кога е во градски сообраќај. Исто така, Megane сега ќе доаѓа стандардно со вграден двонасочен полнач од 11 kW.

 



Автомобилски ентузијаст преку ден, DJ преку ноќ!