ПРЕМИЕРА: Ова e Volkswagen ID.Every1 – Пристигнува во 2027 и ќе чини 20.000 Евра! – CARclub.mk | #1 за Автомобилите full screen background image
Search

ПРЕМИЕРА: Ова e Volkswagen ID.Every1 – Пристигнува во 2027 и ќе чини 20.000 Евра!

Volkswagen тукушто го претстави новиот ID.EVERY1 – малиот електричен автомобил кој треба да пристигне на пазарот за околу две години и кој во Европа ќе чини од 20.000 Евра.

За да направите автомобил за сите, треба сите да ги слушате. Volkswagen сака до 2030 да биде технолошки лидер меѓу автомобилските компании – а тоа е навистина амбициозна цел.

Истовремено, до 2027, Volkswagen ќе претстави 9 нови модели во Европа. Еден од нив е и ID.2ALL кој Volkswagen го претстави пред повеќе од една година. Но дел од таа приказна е и новиот ID.EVERY1. Малиот автомобил нуди многу простор и врвна практичност во навистина компактно пакување.

ID.EVERY1 е мал, компактен автомобил кој можеби можеме да го сметаме за своевиден наследник на електричниот Volkswagen e-Up. Всушност, од Volkswagen кажуваат дека има попросторен ентериер и поголем домет од e-Up. Поставен е на ревидирана платформа наменета токму за електрични возила со погон на предните тркала.

И да, концептот е целосно-функционален – користи новоразвиен електромотор со 95 коњски сили кој овозможува максимална брзина од 130 километри на час, а погонот овозможува и автономија од „најмалку 250 километри“.

Дизајнот е чист и освежувачки едноставен. На предниот дел забележуваме хоризонтално-поставени светла и осветлен Volkswagen знак, како и вертикално-поставени дневни светла во страните од браникот. Слично е и на задниот дел – меѓу задните светла е поставен осветлен знак на Volkswagen, но во црвена боја.

Volkswagen го покажа и ентериерот на ID.EVERY1. Пристапот е истовремено минималистички, но и со јасен фокус кон технологијата. Секако, бидејќи се работи за електричен автомобил, можеме да очекуваме натпросечно просторна и комфорна кабина.

Поврзано:  Volkswagen ID. 2all станува ID. Polo и пристигнува следната година, заедно со ID. Polo GTI!

Од Volkswagen ветуваат и врвни технолошки решенија, како од аспект на конективноста, така и од аспект на безбедноста, мултимедијата и планирањето. Кабината нуди простор за четири луѓе, а багажникот е со капацитет од импресивни 305 литри!

Да, сега за сега, ID.EVERY1 е само концепт. Но од Volkswagen кажуваат дека е навистина блиску до сериско производство. Од друга страна, 2027 е некако далеку… Но и не е толку далеку!



Алфа и Омега на CARclub. Играчките остануваат, само стануваат поскапи.