За жал, тјунираниот Duster нема зголемена моќ, но затоа изгледа спектакуларно!
Веќе ни се допаѓа како изгледа новиот Duster. Всушност, толку многу ни се допаѓа, што кога го возевме рековме дека Dacia конечно стана кул.
Но она кое го подготви германскиот дилер Carpoint е нешто сосем поинакво. Duster Redust Sport добива агресивен бодикит, надградена (и значително пониска) суспензија, нови тркала и целосно-нов ентериер.
Третманот во кабината е подеднакво импресивен – седиштата се обвиени во кожа со портокалови детали и шевови, а портокалови детали забележуваме и на централната конзола, на управувачот, таблата и вратите.
За жал, и покрај темелните визуелни измени, Duster Redust Sport не добива надградени перформанси. Купувачите ќе можат да изберат меѓу самополнечкиот хибрид со 140 коњски сили, или пак лајт-хибридниот 1.3-литарски TCe со 130 коњски сили. Во зависност од одбраниот погон, може да се добие и погон на сите четири тркала.